Поповски: ВМРО-ДПМНЕ одложува договор за медиумите, им одговара статус кво позиција

Од:

Минатиот петок, кога партиите требаше да постигнат договор за регулација на медиумите, како краен рок, ВМРО-ДПМНЕ за прв пат доставиле предлози на преговарачката маса. Следната средба на работните групи ќе биде во среда кога ќе се врати од Брисел олеснувачот во процесот, Питер Ванхауте. До тогаш преговорите се на стенд бај.

Петок е одреден како нов рок за конечен договор, што значи дека првиот е одложен за една недела. Од опозицијата велат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ги одложува колку што може конечните решенија и да го опструира процесот со цел состојбата да остане статус кво. Што се однесува до доставените предлози на ВМРО-ДПМНЕ, изворите велат дека повеќе се козметички, отколку суштински.

– ВМРО-ДПМНЕ ја применува истата тактика како во целиот преговарачки процес до сега, а тоа е одолговлекувањето. Тоа е нивен стил. Истото го правеа кога се договараше Законот за Влада или Законот за специјален јавен обвинител. Тие треба да одговорат зошто не поднесуваат предлози во рамки на договорената динамика. Инсистираат на статус кво позиција во сите области, затоа што они го создале тој систем и не сакаат да се менува, како што веќе слушнавме од бомбите – вели Робет Поповски од СДСМ.

Партиите уште еднаш покажаа дека не можат да преговараат без посредство на меѓународната заедница. До среда нема да има никаква средба или разговор меѓу работните групи на политичките партии. За три дена до крајот на работната недела, пак, се очекува да се договори пакетот закони за медиуми кој ќе ги вклучува сите прашања поврзани со оваа тема. Меѓу нив спаѓа и прашањето за кадровски промени во МРТ и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

По се изгледа новинарите и понатаму ќе бидат исклучени од процесот. ЗНМ и ССНМ минатата недела се заканија дека ќе организираат протести пред Клубот на пратеници доколку партиите се договорат меѓу себе без нивно учество. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, изјави дека во тој случај Здружението ќе ги повика новинарите да ги бојкотираат евентуалните решенија.

Како што рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во петокот, мали се шансите претставници од фелата да бидат повикани на преговарачка маса.

– Ние веќе разговаравме со некои претставници и не можам да ви кажам дали сме согласни директно да ве вклучиме во разговорите бидејќи тие се водат со многу страни – рече тој.

Поповски од СДСМ, пак, вели дека ќе инсистира новинарите навремено и детално да бидат информирани за секое придвижување.

– Го почитувам правото на сите од новинарската заедница и оние што ги следат преговорите да бидат информирани. Ќе инсистирам на максимална транспарентност. Очекувам дека ќе се најде начин како тоа да биде достапно до новинарите во текот на преговарачкиот процес – порачува тој.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он