Поповски: Транспарентност и соработка за справување со лажните вести

Од:

Активната транспарентност во една земја е најголем непријател на лажните вести и дезинформации, а во соседство како Западен Балкан активната соработка на медиумите е клучна како никогаш досега за сузбивање на трендовите на агресивно дезинформирање.

Тоа го истакна министерот без ресор за комуникации, отчетност и транспаретност Роберт Поповски во обраќањето на седмата сесија на 98.РОС-РОТ семинарот посветена на темата „Состојбата со медиумскиот пејсаж на Западен Балкан: Влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавноито мислење.

Според Поповски, клучот за заштита од лажните вести и дезинформации е во новинарската професија не само на национално, туку и на регионално ниво, преку саморегулирање и држење до етичките стандарди и вредности. Владите и сите политички субјекти мора да ги поддржат овие стандарди, нагласи Поповски, укажувајќи дека трендот на ширење шокантни вести, дезинформации како на национално, така и на регионално ниво е најголем поткпопувач на демократскитре, реформските и евроатлантските аспирации на регионот.

Според Поповски, состојбата на медиумите во Западен Балкан за жал и покрај сите укажувања според индексот на Репортери без граници може да се опише како загрижувачка или сериозно загрижувачка, а соработката на ниско ниво.

Тој ги повика медиумите во регионот на поголема и поинтензивна соработка во насока, пред се, на запознавање на состојбите во соседните држави, затоа што обединувањето во борбата против лажните вести е една од најдобрите одбрани.

Во одговор на упатените прашања до него за промени на состојбите, меѓу останатото, министерот Поповски рече дека е многу значајно образованието кое треба да создаде атмосфера на медиумска писменост.

Ги повтори и преземените активности и заложбите за реформи во медиумскиот простор, вклучително и во јавниот сервис, и ја повика опозицијата да се вклучи и да го поддржи законот за медиуми што е во собраниска процедура со кој треба да се овозможат промени.

– Апелирам сите политички структури да го поддржат овој закон, бидејќи е поддржан од медиумската средина и од граѓаните и не треба тука политиката премногу да интервенира, наведе Поповски.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали