Поповски – Пломп: Транспарентност и отчетност на Владата во интерес на граѓаните

Од:

Владата е решена целосно да се отвори не само за медиумите, туку и за секој граѓанин, за да ги добива информациите кои му се потребни и јавноста да биде навремено информирана за се и во секое време, истакна министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на денешната работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Воутер Пломп.

Поповски, како што соопшти владината прес-служба, посебно ја нагласи потребата од ваков пристап по, како што рече, 11-годишниот институционален молк и информациски мрак од страна на претходната владејачка гарнитура, за да се спречи политичарите да ги одмолчуваат и избегнуваат проблемите.

Според него, со задолженијата што му се дадени од страна на Владата да биде одговорен за транспарентноста и отчетноста, се пополнува празнината меѓу добивањето исклучиво технички информации од државните јавни сервиси и потребата од вистински суштинска содржина која и е потребна на јавноста за детално да ја следи работата на Владата.

Амбасадорот Пломп ги оцени најавените реформи како фасцинантни и навистина неопходни. Воедно изрази интерес за повеќе средби со министерот Поповски во насока на поинтензивна соработка со Амбасадата на Кралството Холандија за поддршка на медиумските реформи во Македонија.

На средбата беше разговарано за актуелната состојба во медиумската сфера, како и за најавата за реформи во законската регулатива во медиумскиот сектор. Во оваа прилика, Пломп беше запознаен и со детали од предлозите за измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места