Поповски: Медиумските реформи ќе ги спроведеме на најтранспарентен начин

Од:

Имаме политичка волја и стручна подготвеност да ги спроведеме медиумските реформи и да ги подобриме условите за работење на медиумите на најтранспарентен начин во соработка со медиумските професионалци, истакнал министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на денешната средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија Данијела Баришиќ.

Според соопштението од владината служба за информирање, Баришиќ пренела честитки од хрватската Влада за успешно спроведените локални избори во државава и истакнала дека е за пофалба реализацијата на декларираните принципи за транспарентно и отчетно работење на Владата, како и за отворената и транспарентна комуникација со јавноста и медиумите. Покажала посебен интерес и за спроведувањето на Планот 3-6-9 за забрзување на процесите на евроинтеграциите на Македонија.

Министерот Поповски, стои во соопштението, оценил дека граѓаните на Република Македонија првпат по подолго време добиле можност да го остварат своето право на глас во услови кои гарантираа слободен израз на уставно загаринтираното право на глас, без страв и без притисок.

– Тоа е основниот услов кој и дава легитимитет на која било освоена власт, без разлика дали е за парламентарни или за локални избори, истакнал министерот Поповски, кој оценил и дека е многу важно што транспарентноста на работењето на Владата е реално препознаена и прифатена од граѓаните, јавноста и медиумите.

Во однос на реализацијата на реформите во медиумската сфера го пренел мислењето и оценките на меѓународните набљудувачи на изборите дека, со одредени исклучоци, медиумите во Република Македонија за време на изборите известуваа избалансирано, и оти тоа е состојба која е утврдена во контиунитет и пред изборите. Ја информирал за процесот за реформите и за работата на телата кои ги финишираат измените на законската регулатива во оваа сфера. Особено внимание во овој дел, навел, се посветува на законските измени кои се однесуваат на Македонската радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, и тие ќе се однесуваат на прашањата кои се утврдени како проблематични од широката јавна дебата во која учествуваа професионалците од овие институции, експертите од граѓанските организации што работат на медиумските теми, како и според сугестиите на експертите од меѓународната експертска јавност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски