(ВИДЕО) Поповски: Како влада никогаш нема да се мешаме во работата на медиумите, го преземаме ризикот да бидеме критикувани

Од:

Mинистерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, на денешната прес конференција посветена на слободата на медиумите вети дека Владата Република Северна Македонија нема никогаш да се меша во работата на медиумите и дека за разлика од минатото денешниот ден се прославува со ослободени медиуми, но сепак оценката се уште треба да се поправа во меѓународните извештаи.

-Оценката за слободата на медиумите мора да биде подобрена во извештаите. Огромни предизвици има во секоја држава поради тоа под каков притисок се медиумите. Овој ден го одбележуваме со ослободени медиуми од било какво влијание. Ние како влада ве уверуваме, никогаш нема да се мешаме во работата на медиумите. Го преземаме ризикот критиките да бидат упатени кон нас. Преку медиумите граѓаните мора да имаат информација како се трошат нивните пари. Сепак медиумите се далеку од нивото кое го посакуваме. Ќе работиме на внатрешната поставеност и финансирањето за подобрување на истражувачкото новинарство. Не сакаме никој да мисли дека владата прави некакви ограничувања, рече Поповски.

Тој истакна дека во наредниот период Владата ќе се наосчи и кон медиумската писменост на граѓаните. Поповски упати благодарност до сите медиуми што ги следеа изборите.

-Се случија мноштво дебати. Кандидатите се секој ден на дебата. Тоа е нешто што го немавме повеќе од една деценија, рече Поповски.

Министерот за отчетност и транспарентност најави и нови проекти за финансирање на електронските медиуми на ист принцип како што финансиски беа помогнати печатените медиуми.

-Веќе имавме еден разговор за финансиска помош на електронските медиуми, но преговорите престанаа поради изборната кампања. По завршување на изборите ќе продолжиме со разговорите, но потребна ни е помош и од самите медиуми, рече Поповски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски