Поповска: Законодавноправната комисија го изгуби својот кредибилитет

Од:

„Законодавноправната комисија на Собранието на РМ го губи својот кредибилитет, кога при сите мои аргументи ги одбива дополните на Законот за спречување и заштита од дискриминација, со зборовите сексуална ориентација и родов идентитет, како основи за дискриминација,“ изјави резигнирано пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, во завршното обраќање по нејзиниот предлог-закон.

„Со ова Вие дозволувате ЛГБТИ луѓето да бидат оставени како сираци од својата држава и да не бидат подеднакво заштитени и третирани како другите граѓани. А токму сега е моментот за поправка на антидискриминацискиот закон, кога се пишува извештајот за Република Македонија. Зашто во законот има сива дупка на која укажуваат сите меѓународни институции, но пред се е проблем на самите ЛГБТИ луѓе.“

На денешната седница на Законодавноправната комисија на Собранието на РМ беше одбиен предлог-законот за дополна на Законот за спречување и заштита од дискриминација, предложен од Лилјана Поповска, откако претходниот ден го одби и Комисијата за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски