Поповска во Кочани вети зелена општина и заживување на бањскиот туризам

Од:

Зелени општини за здрав живот, зелена економија и зелени работни места, социјална правда и еднакви можности на жените и мажите, е заложбата на ДОМ, истакна на денешната средба со граѓаните на Кочани лидерот на ДОМ, Лилјана Поповска.

Таа најави дека ДОМ ќе се залага за стопирање на урбаната експанзија во централното градско подрачје и заштита на зелените површини во близина на Кочанска река.

ДОМ е и за реставрирање и активирање на термалната бања во село Бање за заживување на бањскиот туризам, како и развој на потенцијалите за алтернативен туризам, браната Градче и ски центарот Понбиква, како и поврзување со соседните опоштини со велосипедска патека со што ќе станат подостапни и археолошките локалитети Виничко кале и Мородвис.

На присутните им беа делени борови садници.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов