Поповска со ДОМ-Куманово за излез од политичката криза

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска оствари средба со членовите на општинската организација од Куманово. Се разговараше за актуелната политичка состојба, при што беше потенцирано дека политичките чекори што ДОМ ги предложи уште на почетокот на политичката криза, полека стануваат дел од нејзината разрешница.

„Со членовите на ДОМ од Куманово се дискутираше и за тековните активности на партијата, самостојното дејствување на национално и локално ниво и можностите кои ДОМ ги има за уште посилно претставување на зелената политичка агенда пред граѓаните.

На средбата присуствуваше и досегашната претседателка на ДОМ од Куманово, Светлана Божиновска, која се повлече од функцијата, а до изборното собрание, на местото в.д. претседателка, членовите на општинската организација ја назначија професорката Олгица Вељковиќ, досегашна потпретседателка“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!