Поповска: Македонија не разви политичка култура на дијалог

Од:

„Во изминативе 25 години постигнавме многу, но недоволно. Постигнавме самостојна држава, институции, меѓународно признание. Но не развивме политичка култура на дијалог, за да знаеме да разговараме и со оние со кои не се согласуваме и низ дијалог да дојдеме до решенија. Потребен ни е консензус околу прашања како спорот со името што ни е наметнат од јужниот сосед, концептот на интеркултурализам, или концептот на одржлив развој поврзан со екологијата и заштитата на животната средина. Потребна ни е политичка култура на дијалог помеѓу чинители од различно етничко и политичко потекло, со различна идеолошка матрица. Мора да научиме да се почитуваме како луѓе, како сограѓани, за да обезбедиме стабилност за Македонија и благосостојба за нејзините граѓани,“ рече Лилјана Поповска, пратеничка од ДОМ, на денешната конференција „25 Години Македонија“ организирана од ОМД – Обединетата македонска дијаспора и МЦМС – Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација