Поповска: Дали Инспекторатот за животна средина купува коли со пари за лабораторија?

Од:

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, денеска упати прашање до Владата, кое била во неможност, како што вели, да го постави на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања.

„Дали е точно дека Државниот инспекторат за животна средина има набавено две коли за директорот во последнава година, со пренамена на средства за опремување акредитирана лабораторија? Патем, лабораторија му е неопходна на ова тело, за да може да врши анализа на загадувањето на животната средина, кое сега го плаќа кај приватни лаборатории, или воопшто не ни прави анализи, поради недостиг на средства во својот буџет. Инаку, самиот буџет на државниот инспекторат е речиси симболичен, со најголема ставка за плати на десетина инспектори за цела Македонија. Дали е точно дека и така скромните средства на институцијата се трошат на непотребни патувања во странство на директорот и колку такви патувања се остварени последнава година?“, прашува пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов