Поповска и Морачанин: Ако сакате општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина, веднаш ја поднесуваме старата верзија на законот!

Од:

Пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин одговараат на фрлената ракавица од страна на рударската асоцијација на Македонија дека ќе го оспорат донесениот Закон за минерални суровини на Уставен суд. Повод ќе било тоа што, наводно, законот „не бил применлив и логичен“ и содржел забрана за употреба на цијаниди и сулфурна киселина само за рудници со отворен коп?!

„Ако сакате општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина во сите процеси на детални геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини, веднаш ја поднесуваме старата верзија на законот! Онаа истата, која ја оспоривте како асоцијација, извршивте притисок врз институциите и го заглавивте законот цела година! Тоа беше причина како предлагачи на законот да прифатиме амандман од собраниската комисија за економија, со кој забраната е ограничена на површинските рудници. А токму рудниците со отворен коп се најопасните што се користат за сиромашни површински руди во земји со ниски еколошки стандарди, или со огромни пусти површини, далеку од населени места. Во Македонија таквите отровни инвестиции се непожелни! Впрочем, во сите земји каде што постои забрана во рударството, се однесува токму на рудници со површински коп, а се работи за земји од ЕУ, држави во САД и други, каде виделе мака од ваквите рани во природата.

А како дообјаснување за екологистите од Струмица – исклучок во законот се концесиите на веќе постојните рудници, значи на оние неколку што се веќе отворени и работат. Иловица е рудник во најава, на хартија, против чие отворање се бориме сите екологисти во Македонија и тука нема отстапување! Да биде јасно, законот важи и за Иловица.“, одговараат пратеничките.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!