Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ го поднесе законот за професионалните војници. Предлогот е поднесен заедно со независните пратеници Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова Каревска како и пратеничката група на СДСМ,НСДП, ЛДП,и ПДТ.
Со ова законско решение ќе се реши целосно и докрај проблемот за вработување на професионалните војници по наполнувањето на старосната граница.Имено овој проблем се надмина во еден дел со два закона донесени на почетокот на 2014г., но остана една група од околу 100 војници која не беше опфатена. На тој начин кон таа група беше направена дискриминација и беа доведени во понеповолна ситуација од останатите војници за кои статусот беше решен.
,,Со огледа на тоа што сите беа дел од одбранбените сили на Р.Македонија и заеднички ја бранеа нашата безбедност,сите заслужуваат да им се реши на еднаков начин егзистенцијата,, – рече Поповска при неодамнешната посетата на шаторот на војниците кои штрајкуваат со глад.