Поповска бара поддршка од Собранието за законот за недискриминација

Од:

Поддршка за нејзиниот предлог на Законот за спречување и заштита од дискриминација, побара пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ.

„Токму сега е момент да го изгласаме пратениците од сите партии и да дадеме сериозен придонес во пишувањето на Извештајот од Европската комисија. Овој закон ни стои како сериозна забелешка и барање од Европа и Обединетите нации, заради ускладување со меѓународната регулатива за заштита на човековите права и слободи.

Со предложениот закон ќе се прошират основите за дискриминација во членот 3, со зборовите „сексуална ориентација и родов идентитет“, со што ефективно ќе се заштитат правата на ЛГБТИ луѓето.

Несфатливо е зошто да не стои оваа формулација во главниот антидискриминациски закон, кога ја имаме во серија меѓународни договори и документи. Последен таков документ што го ратификувавме во нашето Собрание на 10 јуни 2015 година, беше Договорот за финансиска помош преку ИПА2 компонентата на ЕУ. Ако споменатите термини сме ги прифатиле како држава за да добиеме финансиска помош од ЕУ, логично е да ги прифатиме и во Законот за спречување и заштита од дискриминација, каде што треба да дадеме права за граѓаните кои се ЛГБТИ луѓе.

Премолчувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како дискриминациски основи значи неможност за соодветна општествена реакција и на говорот на омраза и насилството против овие луѓе. Резултат беа шест напади на ЛГБТИ центарот за поддршка во две години, каде уште не се казнети сторителите.

При изработката на законот, користени се консултации и материјали од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центар за поддршка и НДИ – Национален демократски институт“, пишува во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски