А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Попоски: Засилена дипломатска активност за стартешките цели

by А1он24/12/2012 - 14:5006/01/2017 - 14:43180
Share0

Засилена дипломатска активност во делот на остварување на стратешките цели – членството во НАТО и ЕУ и особено задачите доделени од ЕК пред пролетниот извештај, како и промоција на можностите за инвестиции во државата остануваат клучни насоки и приоритети во кои ќе делува македонската дипломатија во следната година, изјави денеска во Скопје министерот за надворешни работи Никола Попоски по отпочнувањето на дводневниот традиционален Амбасадорски совет.

Добивај вести на вибер

– Задржување на досието на реформи кое ни обезбедува повисоко ниво на примена на стандарди кои се значајни за членството, да се подготвиме што е можно подобро за процесот на преговори со ЕУ. Во делот на НАТО Алијансата да останеме посветени како во делот на форумите каде се носат одлуки така и во делот на мисиите, што е наш најсилен аргумент, и воедно да се посветиме на билатералните односи со сите земји во Европа и светски рамки, рече Попоски.

На полето на билатералните односи акцентот, додаде, ќе биде ставен на економската соработка бидејќи ДКП-а се обврзани со зголема активност од аспект на промоција на државата.

– За нас како МНР е значајно да бидеме што е можно повеќе проактивни и да имаме период во кој ќе се види дека сите оние работи кои ги имаме реализирано се презентирани пред нашите партнери и ќе им помогнат во носење правилни одлуки, посочи Попоски.

На новинарско прашање за нормализирање на релациите со Бугарија и можноста од нови средби на високо ниво, тој посочи оти во досегашната преписка со шефот на бугарската дипломатија е заклучено дека и двете земји имаат интерес да бидат активни во овој процес.

– Во следниот период ќе бидеме целосно посветени таа динамика на комуникација да се одрази врз основа на симетричност, заемно почитување и посветеност на она што е европска рамка на регулирање на билатералните односи, рече Попоски додавајќи оти очекува зголемена комуникација и во брзо време и можност за средби на повисоко ниво.

За него, „нема оправдување зошто не би се нормализирале односите меѓу двете земји до пролетниот извештај на ЕК“, а Македонија, вели е посветена и проактивна.

Во врска со посетата на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц на Атина и Скопје, најавена за почетокот на јануари, посочи оти не би зборувал за очекувањата пред тој да ги презентира неговите видувања. Македонија, пак, рече ќе остане конструктивна во тој дијалог.

За барањата на македонското малцинство во Албанија за нов попис, Попоски со став дека она што е значајно за секоја земја од регионот е при спробедување на такви операции да внимава на политичката чувствителност во тој контекст.

– Примена на тоа што е евростат методологија може секогаш да помогне. Знаме дека во овој дел од светот повеќе политичка отколку математичка тежина се дава на операцијата попис. Не би сакал да се остави какво било чувство на непочитување на определени процедури. И затоа во регионот државите треба да пристапат со определно ниво на политичка чувствителност бидејќи сите имаат мулткултурна и мултиетничка димензија,  рече Попоски.

На редовниот Aмбасадорски совет присутни се 30-тина шефови на дипломатско конзуларните претставништва на Македонија. Денешните раговори ќе се фокусираат на политичката компонента, а за утре тема ќе биде економската компонента и координацијата на активностите на ДКП-та.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен