Попоски за Вол Стрит Журнал: Три можни сценарија за бегалската криза

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во опсежно интервју за Вол Стрит Журнал, навестува дека постојат три можни сценарија за развој на состојбата со бегалската и мигрантската криза. Според Попоски, најдоброто сценарио останува планот А, а тоа е да профункционираат центрите кои Европската Унија се подготвува да ги отвори на грчките острови, да се засили соработката меѓу Грција и Турција за обезбедување на нивната граница, и на тој начин да се намали приливот на бегалците. Прашан за иницијативата на се поголем број држави од средна Европа Македонија да ја затвори својата граница со Грција за бегалците, Попоски додава дека тоа е полошо и непосакувано сценарио, но не е најлошото можно сценарио.

– Сите се надеваме на планот А, но сите воедно размислуваме што ќе се случи доколку тој план не успее. Се надевам дека нема да се случи најлошото сценарио. Но, работите се развиваа толку драматично во текот на минатата година, што натамошниот развој на настаните е сосем непредвидлив”, вели Попоски. Запрашан дали Македонија се подготвува за поставување на жичена ограда на границата со Грција, по примерот на оградата што Унгарија ја постави на својата јужна граница, и дали дел од решението е Грција да се изолира од остатокот на Европа и да се исфрли од Шенгенскиот договор, Попоски вели дека за Македонија тоа не е посакувано решение имајќи ја предвид македонската трговска и туристичка размена со Грција, но дека тоа не е најлошото можно сценарио.

– Најлошото сценарио е да не направиме ништо, и секоја земја членка да почне самата да ја оградува својата граница. Тоа ќе биде катастрофа за Европа и за европскиот проект. Ова сценарио за кое вие прашувате (во однос на Грција) може да се опише како второто најлошо можно сценарио. Ние се уште се надеваме на најдоброто сценарио, вели Попоски за Вол Стрит Журнал.

Најавите дека од Македонија ќе биде побарано да го запре текот на бегалците на својата јужна граница, и на тој начин да помогне да се спречи натамошно разградување на европските договори за слободно движење, веќе секојдневно доаѓаат од земјите од средна Европа, чии лидери јавно повикуваат на изолирање на Грција откако оваа земја не успеа да ја обезбеди својата долга морска граница со Турција. Раководствата на земјите од Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) застанаа зад оваа опција, а тоа го сторија и Австрија и Словенија. Словенечкиот премиер Миро Церар во писмо упатено до лидерите од регионот и од Европската Унија посочи токму на најлошото можно сценарио кое го наведува и министерот Попоски, и апелираше со зацврстување на една граница, таа меѓу Македонија и Грција, да се спречи натамошното суспендирање на Шенгенскиот договор и кревањето на жичени огради низ остатокот на Европа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани