Попоски за „Катимерини“: Македонија направи еден куп компромиси во врска со името

Од:

Во врска со разликите околу името имаме длабоко чувство дека направивме еден куп компромиси, како што се промена на Уставот, знамето, прифаќање на привремено навредливо име во ОН… Од друга страна, листата на посакувани отстапки изгледа неограничено, додека претходните обврски да не не попречува во НАТО и во ЕУ, се заборавени, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во интервју за „Катимерини“.

– Објаснувањето обично е: ние сме во клубот и вие сакате да се приклучите. Ќе ја платите цената, а во поглед на цената, небото е граница. Искрено, ние не сакаме да имаме таков апсурден спор со соседот, со кој имаме исти стратешки интереси. Тоа е причината зошто учествуваме во процесот. Сепак, за успешен исход треба да ни се даде впечаток дека не ја барате и нашата душа. И вие и ние сме горди народи, изјави Попоски, додавајќи дека „среќата на посилниот (што е во клубот) не треба да се бара врз грбот на соседот“.

Во однос со соработката меѓу Македонија и Грција во врска со кризата со мигрантите и бегалците, шефот на македонската дипломатија вели дека двете земји имаат заедничка цел и оти комуникацијата е подобрена.

– На краток рок, сепак, целта на Грција е да ги префрли сите мигранти што е можно поскоро во Северна Европа, што значи преку Македонија. Логиката е дека потенцијалот на Грција не е неограничен, а приливот на островите е континуиран. Тоа го разбираме. Нашата задача, сепак, не е да прифатиме повеќе од оние што можеме да ги регистрираме и да им се обезбеди  хуман и безбеден транспорт преку Европскиот коридор, вели Попоски и додава дека за ова да функционира, треба да има поголеми напори од страна Грција за регистрација на бегалците и мигрантите и европски одговор, кој може да се примени во однос на долгорочни трендови.

– На нашата граница се оставаат економски мигранти да ја каменуваат македонската полиција од грчка територија, без да се преземат никакви мерки да се спречат нивните обиди неконтролирано да влезат во Република Македонија. Ова е несфатливо. Тоа не треба да се случува, нагласи македонскиот министер за надворешни работи кој во четврток ќе престојува во посета на Атина.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија