Попоски во Виена се сретна со неговиот австриски колега

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Виена се сретна со неговиот австриски колега Себастијан Курц.

Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека е предвидена посета на австрискиот министер Курц на Македонија за време на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, како и културна презентација во Австрија.

Како дел од австриската поддршка на Македонија планирано е и австриски експерти како советници да им помогнат на македонските компании.

На средбата двајцата министри разговарале и за препораката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

– Австрија е одлучна да помогне за евроинтеграцијата на Македонија и регионот. Македонија пак е одлучна да работи кон градење на позитивна клима во соседството. Клучот за преговори со ЕУ е кај Грција, но вратата ќе се отклучи преку ангажман на водството на членките, изјави министерот Попоски.

Шефот на македонската дипломатија престојува во Виена денеска и утре ќе учествува на Виенската конференција за Западен Балкан 2014 и на состанокот на министрите за надворешни работи на замјите членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија