Попоски во Рим и Ватикан

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски ќе ја предводи македонската делегација на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, којашто традиционално се одржува во Рим.

Попоски ќе присуствува и на аудиенција кај папата Бенедикт XVI, а ќе ќе има средби со неговиот италијански колега Џулио Терци и со државниот секретар за односи со државите на Светата Столица, Доминик Мамберти.

На средбата со италијанскиот министер за надворешни работи Терци, се очекува да бидат разменети мислења за резултатите од Самитот на НАТО во Чикаго, за фазата во која се наоѓа Македонија за интегрирање во ЕУ, како и за на соработката на планот на културата.

На средба со архиепископот Мамберти се очекува да бидат потврдени добрите односи на Република Македонија со Светата Столица и да се разговара за можностите за развој на соработката.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија