Попоски во работна посета на Данска

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Кралството Данска.

Како што соопшти денеска МНР, во рамки на посетата министерот Попоски ќе оствари средба со неговиот дански колега Вили Совндал, со кој ќе разменат мислења за политичките и економските односи меѓу двете земји, процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и за регионални и мултилатерални прашања.

Министерот Попоски, треба да се сретне и со министерот за европски прашања на Данска Николаи Вамен, со кого се очекува да разговара за напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформите, како и за очекувањата од Советот на ЕУ во јуни за донесување на одлука за започнување на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.

За време на посетата на Копенхаген, министерот Попоски, ќе учествува на Конференцијата под мотото: “20 години што ја променија Европа: Копенхашките критериуми и проширувањето на Европската унија“, во организација на Данскиот Институт за меѓународни студии и Министерството за надворешни работи на Данска, при што ќе има свое обраќање на панел-дискусијата на тема „Како проширувањето на ЕУ ја обликувало и продолжува да ја обликува Европа“.

Воедно за време на посетата на Кралството Данска, министерот Попоски ќе се сретне и со претставници на Македонско-данската бизнис мрежа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија