Попоски во посета на Стразбур и Брисел

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на покана од генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ, денеска во Стразбур ќе учествува на работна вечера со министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан, на која почесен гостин ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, Попоски ќе има обраќање на дебатата организирана од групата Пан-Европа во Европскиот парламент на тема перспективите во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, а предвидени се и средби со повеќе европратеници.

Министерот Попоски од Стразбур заминува за Брисел каде што утре треба да се сретне со генералниот директор за проширување во Европската комисија Стефано Санино, а ќе учествува и на работна вечера во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ на која ќе има обраќање на тема „Балканот пред портите: случајот на Македонија“.

Во рамки на посетата, предвидено е шефот на македонската дипломатија да има работен појадок со амбасадорите, постојани претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел, непосредно по објавувањето на Пролетниот извештај на Комисијата за Македонија. Настанот е во организација на францускиот амбасадор при ЕУ во Брисел.

Работната посета е дел од активностите за унапредување на соработката на Република Македонија со институциите на ЕУ, во пресрет на Пролетниот извештај на ЕК, а во функција на што поскоро почнување на пристапните преговори, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ