Попоски во Њујорк ќе се сретне со еврокомесарот Филе

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествува на 68. Генерално собрание на ОН во Њујор, доцна вечер по македонско време има работна средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, соопшти МНР.

Филе, како што потврди неговиот портпарол Петар Стано за дописникот на МИА од Брисел, ќе има и работен ручек со шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан.

Се очекува да стане збор за пристапниот процес на земјите од регионот кон Унијата, во пресрет на претстојниот прогрес-извештај што Европската комисија на 16-ти октомври ќе го издаде за Македонија и останатите кандидати и потенцијални кандидати за членство.

Еврокомесарот за проширување, претходно во Њујорк се сретна и со Метју Нимиц, медијаторот на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на наметнатиот спор за името.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија