Попоски во Брисел на традиционална вечера со Ештон и министрите на земјите-кандидати

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска е во работна посета на Брисел во рамки на која главен настан е традиционалната вечера организирана од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, покрај Попоски, на вечерата организирана од британската бароница на чело на европската дипломатија, ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на другите земји-кандидати за членство во Унијата.

Претходно, шефoт на македонската дипломатија ќе има редовна работна средба со директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, Стефано Санино, со кого се очекува да разговара за остварените реформи во рамки на Пристапнито дијалог на високо ниво (ХЛАД), но и за други тековни обврски што македонската Влада ги остварува во рамки на европската интеграција на нашата земја.

Како што е познато, Европската комисија преку Директоратот за проширување минатиот месец го објави Специјалниот извештај за Република Македонија во кој уште еднаш го повтори барањето до Европскито совет на Самит да одреди датум за почеток на пристапните преговори со нашата земја, а притоа констатира и напредок во однос на добрососедството со Бугарија и Грција и во реформите од ХЛАД-от. Сега, единствено останува на Самитот на ЕС во јуни земјите-членки да ја прифатат петтата еднопдоруго позитивна препорака на Комисијата и да започнат преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ