Попоски во Брисел на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски престојува во работна посета на Брисел, по повод Десеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија.

Како што соопшти МНР, со годинешниот состанок ќе претседава министерот Попоски со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација. Во македонската делегација ќе биде и заменик претседателот на Владата за европски прашања,  Фатмир Бесими. Копретседавач од страната на ЕУ ќе биде министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, а во име на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон. На средбата ќе присуствува и комесарот за проширување Штефан Филе.

На состанокот ќе стане збор за билатералните односи меѓу Република Македонија и ЕУ во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, за исполнувањето на политичките и економските критериуми, финансиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и за состојбите во регионот Западен Балкан и други меѓународни прашања од заемен интерес.

За време на престојот во Брисел предвидено е Попоски да има средби со повеќе високи претставници од европските институции, меѓу кои високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Ештон, шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус и со комесарот за проширување Филе.

Шефот на македонската дипломатија вчера во Брисел се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. На оваа прва нивна средба по стапувањето на Евангелос на функцијата вицепремиер и шеф на дипломатијата, двајцата разговарале за перспективите за напредок во евроинтеграциите под тековното литванско и следното грчко претседавање со ЕУ, изгледите за динамизирање на дијалогот околу разликата за името, перцепциите за различната политичка приоритетност на спорот во двете земји и ефектите од должничката и економската криза на билатерално и регионално ниво.

Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ стапи во сила на 1 април 2004 и претставува рамка за спроведување на договорните односи се до приемот на Република Македонија во Унија. Советот за стабилизација и асоцијација, како највисока форма на институционална соработка меѓу двете страни, заседава на годишна основа на ниво на министри за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани