Попоски во Брисел на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, по повод Десеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија.

Како што соопшти МНР, со годинешниот состанок ќе претседава министерот Попоски со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација. Во македонската делегација ќе биде и заменик претседателот на Владата за европски прашања,  Фатмир Бесими. Копретседавач од страната на ЕУ ќе биде министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, а во име на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон. На средбата ќе присуствува и комесарот за проширување Штефан Филе.

На состанокот ќе стане збор за билатералните односи меѓу Република Македонија и ЕУ во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, за исполнувањето на политичките и економските критериуми, финансиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и за состојбите во регионот Западен Балкан и други меѓународни прашања од заемен интерес.

За време на престојот во Брисел предвидено е Попоски да има средби со повеќе високи претставници од европските институции, меѓу кои високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Ештон, шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус и со комесарот за проширување Филе.

Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ стапи во сила на 1 април 2004 и претставува рамка за спроведување на договорните односи се до приемот на Република Македонија во Унија. Советот за стабилизација и асоцијација, како највисока форма на институционална соработка меѓу двете страни, заседава на годишна основа на ниво на министри за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски