Попоски во Брисел на состанок на НАТО за ИСАФ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во седиштето на Северно-атлантската алијанса во Брисел ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО со земјите-контрибутори во ИСАФ-мисијата во Авганистан на министерско ниво.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Попоски и останатите министри попладне ќе го усвојат извештајот за адаптација на постојниот доверителен фонд за финансирање на авганистанските безбедносни сили, ќе ја слушнат оценката за прогресот на ИСАФ во Авганистан, како и правните основи за учество во новата мисија по 2014 година.

Во рамки на неговата посета на седиштето на Алијансата, шефот на македонската дипломатија ќе има билатерални средби со министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Мареј МекКали и со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон.

Перспективите за евро-атлантската интеграција на Република Македонија, ИСАФ-мисијата во Авганистан и кандидатурата на Нов Зеланд за безбедносниот совет на Обединетите нации за периодот јануари 2015 – декември 2016 година, се очекува да бидат темите на разговор на Попоски со неговите колеги од Нов Зеланд и Велика Британија.

Вечер, исто така во НАТО, министерот Попоски ќе присуствува и на состанокот три плус четири на Романија, Турција и Полска (како НАТО-членки) со Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија (како земји-кандидати за членство во Алијансата).

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ