Попоски во Брдо се сретна со шефот на француската дипломатија Фабиус

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој го придружува шефот на државата Ѓорге Иванов на состанокот на Брдо процесот што се одржува во Крањ, на маргините на конференцијата се сретна со неговиот француски колега Лоран Фабиус.

Двајцата соговорници констатирале дека постои добра основа за подинамичен развој на билатералните политички односи во иднина и изразија очекување дека активниот политички дијалог ќе доведе и до поблиска и поплодотворна економска соработка.

Министерот Попоски информирал за реализираните реформи од страна на Владата на Република Македонија во контекст на ЕУ интеграцијата, а разменети се и мислења во врска со последниот Совет на Европската унија, како и очекувањата од претстојниот Европски совет. На средбата станало збор и за актуелните состојби и предизвици во регионот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија