Попоски во Берлин на министерка конференција за ЈИЕ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на покана на шефовите на германската и на британската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер и Филип Хамонд, денеска ќе учествува на Шестата Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, која се одржува во организација на реномираниот германско – американски Институт „Аспен“ во Берлин.

Како што соопшти МНР, министерската конференција е тематски фокусирана на процесот на проширување на ЕУ, реформите и регионалната соработка. Се очекува да се дискутира и за значењето на економската соработка и инфраструктурната поврзаност како важни предуслови за повеќе инвестиции, економски раст и развој на Балканот.

Престојот во Берлин, шефот на македонската дипломатија ќе го искористи и за одделни средби со германски пратеници.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија