Попоски се сретна со Симкинс, пратеник во Федералното собрание на Австралија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими Лук Симкинс, пратеник во Долниот дом на Федералното собрание на Австралија од редовите на опозициската Либерална партија и еден од најголемите австралиски лобисти за Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења за повеќе аспекти од билатералните односи меѓу двете земји. Во тој контекст, беше подвлечено значењето од натамошно зајакнување на меѓупарламентарната соработка и на остварувањето посети на високо ниво.

Федералниот пратеник Симкинс престојува во неколкудневна работна посета на Македонија при што ќе оствари средби и со колегите во македонското Собрание. Воедно е предвидено во амфитеатарот на МНР да одржи предавање на тема „Политичкиот систем на Австралија и односите меѓу Република Македонија и Австралија“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија