Попоски се сретна со регионалниот директор на СЗО за Европа

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска имаше средба со Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Жужана Џејкоб, а по повод денешната инаугурација на Седиштето на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во Скопје.

Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења за активностите на СЗО како  специјализирана агенција на ОН, со примарна цел постигнување на највисоко ниво на здравствена заштита за сите луѓе. Беше истакната и позитивната улога на Канцеларијата на СЗО во Македонија во поддршка на реформските процеси во областа на јавното здравство и институционално зајакнување на здравствениот сектор.

Соговорниците искажаа задоволство од отворањето на Седиштето на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во Скопје, што се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната соработка во областа на јавното здравство.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија