Попоски се сретна со политичкиот директор на шведското МНР

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со политичкиот директор во Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска, Торбјорн Солстром.

На средбата министерот Попоски ја истакна важноста на континуираната и проактивна шведска поддршка за европската и евроатлантската интеграција на Македонија.

– Македонија е целосно подготвена да ги започне преговорите за пристапување во Унијата, согласно препораките на Европската комисија. За одржување на интегритетот и кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија клучен придонес имаат и земјите членки при носењето одлуки. Во актуелниот геополитички контекст особено е важно почитувањето на меѓународното право и обврски, вклучително и во случајот на Македонија, нагласи Попоски.

Од шведска страна се реафирмирани заложбите и поддршката за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, во функција на стабилноста на регионот и пошироко.

МНР информира дека заемно е искажано задоволство од позитивниот развој на билатералните односи меѓу двете држави и нагласен е интересот и можностите за интензивирање на меѓусебната соработка во повеќе области како што се инвестициите, трговијата, здравството, образованието и животната средина.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија