Попоски се сретна со новоименуваниот шеф на грчката Канцеларија во Македонија Лалакос

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими во протоколарна средба новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија, амбасадорот Теохарис Лалакос.

Тој во оваа пригода, како што соопшти Министерството за надворешни работи, го предаде оригиналот од писмото од грчкиот министер за надворешни работи за негово назначување во Република Македонија.

Министерот Попоски на амбасадорот Лалакос му посакал успешен ангажман во Република Македонија, пожелувајќи му во неговиот мандат грчката  Канцеларија за врски да прерасне во амбасада.

– Министерот изрази подготвеност за унапредување на односите и соработката со Грција во сите сфери од взаемен интерес, во насока на надминување на предрасудите и зајакнување на меѓусебната доверба. Во тој контекст министерот Попоски посочи конкретни иницијативи како размена на дипломати помеѓу двете министерства и продлабочување на соработката во областа на образованието и културата, се вели во соопштението од МНР.

Соговорниците констатирале дека постои заедничка волја и интерес за унапредување на билатералната и регионалната соработка во интерес на европската иднина на регионот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија