Попоски се сретна со Нимиц

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска го прими претставникот на генералниот секретар на Обединетите нации и посредник во спорот околу името помеѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц.

На средбата, како што соопшти МНР, присуствуваше и претставникот на Република Македонија во процесот на преговори,Васко Наумовски.

Нимиц, како што е наведено во соопштението, ги сподели своите видувања за ефективен процес и корисност од фокусиран дијалог кон надминување на спорот околу името со јужниот сосед.

Министерот Попоски ги истакна заложбите на Република Македонија за решение и целосна посветеност на процесот.

– Македонски интерес е да го надминеме единствениот, но тежок и долготраен проблем со нашите грчки партнери, истакна министерот Попоски, додавајќи дека за да го постигнеме тоа ни треба почитување на правото и политичка волја. – Посакуваме таков сигнал да се добие и од Атина по посетата на Нимиц, подвлекува македонскиот министер за надворешни работи.

За време на посетата Нимиц беше примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а ќе има средба и со премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија