Попоски се сретна со комесарот за малицинства на ОБСЕ, Торс

Од:

Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ,  Астрид Торс, која престојува во посета на Македонија, денеска се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Попоски и Торс, како што соопшти Министерството за надворешни работи, размениле мислења за активностите што ги презема македонската Влада за реализација на обврските од Охридскиот рамковен договор, вклучувајќи ја и правичната застапеност на немнозинските етнички заедници.

– Воедно, на средбата стана збор за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование која треба да придонесе кон  зголемена интеракција на учениците од различни етнички заедници во образовниот процес. Министерот Попоски повтори дека имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование останува приоритет на Владата на Република Македонија, се вели во соопштението.

Попоски   ја потврдил поддршката за работата на Високиот комесар за национални малцинства, насочена кон ефикасна заштита и промоција на правата на припадниците на малцинствата во земјите членки на ОБСЕ. Високиот комесар Торс, пак, од своја страна изразила задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и очекување оти таа така ќе продолжи за време на нејзиниот мандат.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија