Попоски се сретна со директорот за европска соработка во холандското МНР, Де Хрот

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и генералниот директор за Европска соработка во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Роберт де Хрот на денешната средба во Скопје изразија заемно задоволство од позитивниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 20 години од воспоставувањето дипломатски односи.

Како што соопшти МНР, министерот Попоски, изрази високо уважување за континуираната принципиелна поддршка на Холандија за почеток на пристапни преговори на Македонија со ЕУ, како и за конкретната холандска помош и експертиза на македонските институции за хармонизација со европското право и стандарди.

– Фокусот на македонската Влада е насочен на максимизирање на резултатите од спроведувањето на активностите поврзани со Пристапниот дијалог на високо ниво и претстојниот пролетен извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Наша примарна цел е почеток на пристапните преговори со Унијата без натамошно одлагање, за што сме целосно подготвени, и според принципот „стриктно, но фер“ очекуваме праведна одлука од ЕУ во јуни оваа година, посочи тој.

Генералниот директор Де Хрот ја повтори определбата на Холандија за продолжување на принципиелната и сестрана поддршка на Република Македонија во процесот на европска интеграција, вклучително и за што поскоро започнување на пристапните преговори со ЕУ.

Холандската позиција ќе биде формално потврдена по објавувањето на пролетниот Извештај на Комисијата и нејзините заклучоци и препораки за Македонија на 16 април оваа година, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија