Попоски се обрати на самитот за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во своето обраќање на самитот „Запирање на сексуалното насилство за време на конфликт: Лондон 2014“, истакна дека Република Македонија има активен пристап во имплементацијата на Резолуцијата на ОН 1325, која се однесува на важноста на учеството на жените во превенција и разрешување конфликти, одржување мир и безбедност.

Попоски, како што соопшти МНР, нагласи дека образованието и активната вклученост на жените се клучни за создавање на стабилни и продуктивни општества.

На маргините на Самитот, министерот Попоски оствари неформални средби со државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство, Вилијам Хејг и министерот за Европа, Дејвид Лидингтон.

На средбите беа разменети мислења за билатералните односи, како и за евроатланските  перспективи на Република Македонија. Во оваа прилика Попоски ја потврдил определноста на граѓаните и Владата на Република Македонија за членството во ЕУ и НАТО. На средбите беше реафирмирана поддршката на Владата на Обединетото Кралство кон европските перспективи на земјата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија