Попоски: Ризик заборавањето на принципите на европскиот проект

Од:

Пораките дека следниот бран на проширување нема да се случи во наредните 5 години не треба да ги примаме драматично, но заборавањето на принципите од пред 60 години, врз  кои почива европскиот проект, е вистинскиот ризик.

Тоа го истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на  Croatia Forum  „Интеграцијата на Западниот Балкан во Европската Унија“, што се одржа денеска во Дубровник.

Шефот на македонската дипломатија на форумот имаше излагање на сесијата посветена на иднината на проширувањето на Европската Унија.

Форумот понуди видувања од земји-членки и кандидати за членство во Европската Унија за предизвиците и перспективите за интеграција на земјите од Регионот во Европската Унија. Истовремено беа споделени ризиците и можностите за процесот на проширување.

На маргините на форумот во Дубровник, Попоски оствари повеќе средби како и неформални разговори  со хомолози од Унгарија, Канада, Бугарија, Луксембург, со Комесарот за проширување на Европската комисија, Парламентарниот заменик министер за надворешни работи за Јапонија, како и со други високи политички претставници- учесници на форумот, соопшти Министерството за надворешни работи.

На средбите е  реафирмирана  поддршката од Унгарија за интеграцијата на Република Македонија и земјите од регионот во Европската Унија. Истакната е взаемна заложба на Македонија и Бугарија за натамошни чекори кон градење меѓусебна доверба и надминување на отворените прашања. Искажан е обостран интерес за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, како и за натамошно унапредување на билатералната соработка со фокус на економијата, како и поддршка од Канада за членство на РМ во НАТО и признание за постигнатите реформи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани