Попоски: Поголема комуникација ќе ја зголеми довербата меѓу соседите

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска му возврати на неговиот бугарски колега Николај Младенов, дека само зголемена комуникација на министерско или друго политичко ниво може да го зголеми нивото на доверба меѓу Македонија и Бугарија.

„Кога говориме за добрососедство првата работа на која помислуваме е искреноста, отвореноста и отворената комуникација. Размените на посетите меѓу министри за надворешни работи или политички претставници од соседни земји е нешто на што мораме да работиме и што би требало да ги одразува работите кои се на одлично ниво меѓу граѓаните и бизнисите на двете земји. Конкретно, тоа би требало да се однесува и на Република Македонија и Република Бугарија“, рече Попоски по изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов дека нема потреба од разговори, туку од дела.

Во врска со предлогот на Младенов за промена на учебниците по историја во Македонија, Попоски повтори дека историјата треба да им се остави на историчарите.

„Сметам дека постигнавме определена согласност околу тезата дека историјата треба да биде оставена на историчарите. Мислам дека доколку се придржуваме до овој принцип можеме да обезбедиме најдобро ниво на соработка“, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија