Попоски оствари средба со делегација на Атлантскиот совет од Вашингтон

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со делегација на Атлантскиот совет од Вашингтон.

Делегацијата, како што соопшти МНР, е во посета на земјите од регионот со цел развивање на стратегија за решавање на заедничките предизвици кои ја отежнуваат евроатлантската интеграција и севкупниот просперитет.

– САД може да бидат многу корисни за стабилноста во регионот. Македонија цели кон обезбедување на предвидливост и економски напредок за своите граѓани. На тој пат, секако од помош ќе биде членството во НАТО и ЕУ, како и развивањето на добри односи со соседите. Првото зависи во голема мера и од политиките на САД, додека за второто мора сами да се погрижиме во регионот, истакна министерот Попоски.

Извршниот директор на американскиот Атлантски совет, Дејмон Вилсон ја потврдил поддршката за реафирмирање на македонските интереси пред новата американска администрација.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија