Попоски: Не гледам мотивираност кај официјална Атина за да направи конструктивен чекор

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски по учеството на 123. министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа и повеќе средби со негови колеги од земјите од ЕУ во Стразбур, изјави оти добил потврда за нивната подготвеност да се поддржи почетокот на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Но, подвлекува тој, недостасува поддршката од Грција.

– Тоа што ни недостасува веќе подолг период е поддршката од Грција, таа е клучна. Сакаме да ја добиеме, но не чувствуваме доволно сигнали од Атина дека навистина постои некоја посветеност. Тековната ситуација е исклучиво комотна за Грција. Фокусот е на други теми и не гледам некој мотивирачки чекор, кој би ја поттикнал Владата во Атина да направи конструктивен чекор и да ни овозможи почеток не преговори, изјави Попоски за МИА.

Шефот на македонската дипломатија е на мислење дека со Грција е значајно да имаме искрен и отворен дијалог.

– Мислам дека е многу значајно да имаме искрен и отворен дијалог. Грција, секогаш ќе го има инструментот како земја членка во ЕУ да го направи нашиот пат потежок и да ги искомпликува процесите, односо да не поддржи напредок за РМ. Но, сметам дека тоа не е најкомпатибилно со сите оние вредности кои ги имаме зацртано за градење постабилен, помирен и попросперитетен регион. Затоа мислам дека таа искреност и доверба треба да бидат клучниот елемент во градењето на нашите односи, вели Попоски.

Инаку, тој посочи дека денешната 123. сесија на Комитетот на министерите, беше посветена на „Демократијата, човековите права и владеењето на правото во Европа“. – Македонија има интерес сите напори кои ги вложуваме во човековите права да бидат почитувани и во соседните земји, тоа се однесува како на македонската заедница, така и на сите оние групи кои се нарснати од екстремизам на европски план, вели Попоски.
Синоќа министерот Попоски имаше средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд додека денеска по неговото обраќање пред министрите и нивните заменици од 47 земји членки на СЕ, ја искористи редовната сесија на КМ на СЕ за повеќе неформални средби со Комесарот за човекови права Нилс Муижниекс.

Во разговорите со Лусинда Крејтон, министер за европски прашања на Ирска-актуелен претседавач со ЕУ, Биргита Олсон министер за европски прашања на Шведска и Жан Аселборн министер за надворешни работи на Луксембург, од кои најголемиот дел од нив беа посветени на интеграциите на Република Македонија во ЕУ.

Министерот Попоски, поладнево, се очекува да се сретне и со Франсис Тимерманс, министер за надворешни работи на Холандија.

Ерменија денеска го презеде од Андора претседателството со КМ на СЕ за идните шест месеци.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време