Попоски на Трансатлантската вечера во Рим разговараше со Џон Кери

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа за време на Трансатлантската вечера во Рим, разговараше со новиот државен секретар на САД Џон Кери.

Попоски при тоа го запознал државниот секретар Кери со придонесот на Република Македонија во мировните мисии предводени од трансатлантската заедница во Ирак, Авганистан, Либан, Босна и Херцеговина…

 Во можноста да поразговараме малку на маргините на вечерата го запознав државниот секретар Кери со напоритe кои Македонија во изминатиот период ги има вложувано преку конкретно присуство во рамки на НАТО предводните мисии било да се работи за Ирак, Авганистан или некои други, изјави за МИА шефот на македонската дипломатија.

Попоски посочил дека Македонија продолжуваме да дава придонес и во услови на одложено формално членство во НАТО и во ЕУ. Тоа, истакнал, е доказ повеќе за одлучноста на граѓаните на Република Македонија да опстојат на патот за промоцијата на мир и просперитет во регионот и глобално, и оти толку искрен и конкретен придонес, како македонскиот, не смее да не биде вреднуван.

Инаку, на вечерата, организирана во чест на американскиот државен секретар Кери, од страна на италијанскиот министер за надворешни работи Џулио Терци ди Сант Агата, покрај вообичаениот формат на учество на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО и ЕУ, беа поканети Република Македонија и Швајцарија, како и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

Главни теми на разговор беа безбедносните предизвици и ситуацијата во Сирија, значењето на трансатлантските односи, релациите помеѓу Америка и Европа и долгорочните цели кои треба да бидат остварени.

– Клучниот заклучок во дискусиите водеше кон тоа дека најголем тест за глобалниот кредибилитет на трансатлантската  заедница е секако во поглед на тоа како се справува со предизвиците во своето најблиско соседство. Од тој аспект принципиелноста во проширувањето мислам дека е таа која определува колкава привлечна сила има трансатлатнската заедница и денес. Мислам дека беше добра можност да размениме мислење за она што следува во следниот период и како можат да бидат заокружени процесите кои досега се покажале како најуспешни, а тоа се процесите на ширење на полето на мир и стабилост преку интеграција во евроатлантските структури, рече Попоски.

Додаде дека една од предностите е и фактот што државниот секретар Џон Кери има определен период од својот живот поминато во Европа, што е добар познавач на ситуациите и на европскиот менталитет и оти од тој аспект сигурно во САД постои високо ниво на посветеност да се заокружи процесот на проширување и да се посвети поголема енергија кон оние стратешки предизвици на долг рок.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија