Попоски на состанок на Вишеградската група и Западен Балкан

Од:

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Братислава ќе учествува на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан.

Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Балканот – достигнувањата и предизвиците на патот кон ЕУ, со фокус на поглавјата 23 и 24 од европското законодавство (владеење на правото), економското владеење и регионалната соработка.

Вишеградската група – B4, којашто ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.

Годинешниот состанок во Братислава се одржува во рамки на словачкото претседателство со Вишеградската група. Специјални гости на состанокот се потпретседателот на Европската комисија и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Себастиан Курц.

При престојот во Братислава, предвидено е министерот Попоски да има одвоена средба со својот словачки колега Лајчак, како и одделни разговори со повеќе колеги – учесници на состанокот В4-Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија