Попоски на сесија на Комитетот на министри на СЕ во Никозија

Од:

Делегација од Република Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре во Никозија ќе учествува на министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ), под претседавање на Кипар.

Како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи претставниците од земјите членки на Организацијата ќе ги разгледаат состојбите и актуелните предизвици, кои се приоритети на Советот на Европа, меѓу кои борбата против тероризмот, мигрантската криза, конфликтите и кризите во Европа и улогата на Советот на Европа, како и обезбедување долгорочна ефективност на Европската конвенција за човекови права.

На сесијата, претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа од Кипар ќе го преземе Чешката Република, која ќе претседава до ноември оваа година.

На агендата на шефот на македонската дипломатија, се планирани и повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија