Попоски на министерска конференција ЕУ – Западен Балкан во Солун

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на 8 мај во Солун ќе учествува на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан, што ја организира грчкото претседателство со Унијата.

– Со оглед на претстојните европски избори и новиот петгодишен мандат на Европскиот парламент и Комисијата, важно е ЕУ и земјите од проширувањето во Западен Балкан да ја потврдат нивната посветеност на европската перспективa, соопшти грчкото претседателство во најавата за настанот.

Според Атина, „во исто време важно е да се утврдат начините на понатамошно промовирање на европската агенда на регионот, вклучувајќи го и директното позитивно влијание врз животот на граѓаните, без разлика на или паралелно со напредокот што е постигнат во процесот на пристапување на нивните земји“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, дискусиите на министерскиот состанок во Солун ќе имаат и политички и оперативен елемент и затоа се поделени во две сесии. Во првата сесија, со тема „2004-2014: Десет години од проширувањето и европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, учесниците ќе ја потврдат посветеноста на ЕУ кон европската иднина на регионот и решеноста на земјите од Западен Балкан да продолжат по патот на реформите поврзани со ЕУ, и ќе дискутираат за постигнувањата и предизвиците на политиката на проширување во поглед на понатамошно промовирање на европската агенда во Западен Балкан.

Втората сесија е насловена „Надвор од Солунската агенда: Транспорт и енергетско поврзување“, и ќе биде посветена на енергетскиот и транспортниот сектор, проценка на потребите од инвестиции во инфраструктурата во овие два секторa, а ќе се разменат и мислења за изгледите за воспоставување стратешка рамка за зајакната соработка и финансиска помош.

Министрите за надворешни работи меѓу двете сесии ќе имаат и работен ручек на кој ќе разговараат за тоа како да се зајакне европската интеграција на Западен Балкан во реални услови преку поврзување во енергетскиот и транспортниот сектор, во регионот и во ЕУ, во меѓувреме промовирајќи раст, конкурентност и вработување, паралелно со процесот на пристапување на секоја земја, а ќе се дискутира и за поврзување во пошироки геостратегиски услови.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски