Попоски на конференција на Атланскиот совет на САД

Од:

На покана на претседателот на Атлантскиот Совет на САД, Фредерик Кемпи, министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на конференцијата „Кон цела и слободна Европа“, во Вашингтон.

На конференцијата, на која, како што соопшти Министерството за надворешни избори, се очекува учество на голем број лидери и експерти од светот на надворешната политика и безбедноста, ќе се обележат 25 – годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид и 10-годишнината од историското проширување на ЕУ и НАТО, а воедно ќе се разгледаат и перспективите на евроатлантските интеграции.

Министерот Попоски ќе учествува на панелот „Консолидирање на југот на Европа”, на кој ќе ги презентира видувањата на Република Македонија околу иднината на процесот на проширување на ЕУ и НАТО во контекст на забрзано остварување на значајните стратешки надворешно – политички цели.

На маргините на Конференцијата, министерот Попоски ќе оствари повеќе средби со министри за надворешни работи и високи политички претставници од САД, ЕУ и регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија