Попоски на „10 години по Солун: Оценка на ЕУ перспективата и предизвиците во Западен Балкан“

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре во Даблин ќе учествува на Конференцијата “10 години по Солун: Oценка на ЕУ перспективата и предизвиците во Западен Балкан“, што се одржува во рамките на Ирското претседателство со ЕУ.

Како што соопшти МНР, целта на конференцијата е да се одбележи 10-годишнината од донесувањето на Солунската агенда за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Балканот, да се оцени постигнатиот напредок, тековните предизвици и перспективите за успешно заокружување на овој процес.

Се очекува на форумот да бидат дискутирани промените во политиката на проширување на ЕУ, генерално и кон Балканот, пост-лисабонските предизвици, кризата на еврото, економската стабилизација, како и идните чекори во интеграцијата на земјите од Балканот во ЕУ. Министерот Попоски ќе има свое обраќање на сесијата посветена на иднината на проширувањето на Унијата со земјите од Балканот.

Домаќини на конференцијата се ирските министри за надворешни работи и за европски прашања Ејмон Гилмор и Лусинда Крејтон, а најавено е учество и на комесарот Штефан Филе, министрите за надворешни работи на Словачка и Хрватска, на генералниот секретар на Советот за регионална соработка, и други.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време