Попоски: Македонија може да им понуди многу на руските бизнисмени

Од:

Македонија може да му понуди многу на рускиот бизнис, изјави денеска во Трговско-индустриската комора на Русија македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Попоски, како што прeнесува Итар-Тасс, истакна дека Македонија е политички и економски стабилна држава и оти нејзината Влада гарантира заштита на странските инвестиции. Тој додаде и дека Македонија има најевтина потрошувачка кошница во цела Европа.

Потпретседателот на Трговско-индустриската комора Георгиј Петров констатира дека Македонија и Русија водaт редовен политички дијалог и посочи оти во изминатиот едногодишен период во Москва престојувале македонскиот премиер, вицепремиерот и министерот за земјоделство.

Тој подвлече дека обемот на трговска размена меѓу двете земји не ги одразува можностите. Според него, во првите девет месеци од минатата година стоковната размена е намалена за 40 проценти и ги повика руските и македонските бизнисмени да ја унапредат соработката не само во областа на енергетиката, туку и во други области.

– Убеден сум дека производителите од Македонија ќе најдат свои купувачи во Русија, рече Петров.

Попоски, кој престојува во официјална посета на Русија, на денешната средба потсети оти вчера е потпишан Договор за отворање културни центри на двете земји во Скопје и во Москва. Тој, како што наведува Итара-Тасс, ветил дека половина година по откривањето на Културниот центар на Русија во Скопје ќе го научи рускиот јазик.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија