Попоски – Лукшиќ: Македонија и Црна Гора имаат пријателски односи и исти приоритети

Од:

Македонија и Црна Гора имаат пријателски односи и исти приоритети, заклучија на денешната средба министрите за надворешни работи Никола Попоски и Игор Лукшиќ.

Шефовите на дипломатиите, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ја потврдиле потребата за креирање заеднички пристап за унапредувањето на економската соработка и привлекувањето странски инвестиции.

– Потенцирајќи ги позитивните искуства во заедничките билатерални и регионални иницијативи, беше посочено дека партнерскиот однос што двете земји го градат е доказ за посветеноста во имплементирањето на европските вредности во регионот, но и насока по која треба да се движат и односите со другите земји партнери од регионот и Европа, стои во соопштението.

На средбата во Црна Гора биле покренати и прашањата од аспект на меѓународната соработка, со посебен акцент на напорите на двете земји за полноправно членство во Европската унија и НАТО.

Попоски и Лукшиќ изразиле подготвеност и за размена на искуства на експертско ниво, согласно потпишаниот договор меѓу двете Влади во контекст на процесот на пристапување во ЕУ, а плодната соработка во другите ресори, како што се внатрешните работи, одбраната, културата и туризмот, ги посочиле како гаранција за успех на секоја идна иницијатива и соработка.

Според соопштението, тие се согласиле дека двете земји треба да работат на подобра инфраструктура, регионална поврзаност и заеднички пазар, што, како што е наведено, е потребно за приближување во економски развој кон остатокот од Европа.

– За Македонија секое придвижување од било која земја од соседството кон ЕУ е придобивка за сите. Но, тоа нема да се случи следниве неколку години, истакна Попоски.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија