Попоски ќе се сретне со Санино, Ховит, Брок и бугарски членови на ЕП

Од:

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски утринава продолжува со билатералните средби во Брисел во последнито ден од неговата тридневна посета на европската престолнина во намерата за обезбедување на поголема поддршка за Македонија пред декемврискито Самит на Европскито совет.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, денеска во 09:15 часот, тој има закажано билатерална средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит. Европските перспективи и очекувањето за добивање датум за почеток на пристапните преговори се теми за кои ќе разговараат министерот и известувачот од ЕП.

Во 11:00 часот е предвидено Попоски да се сретне и со првиот човек на Директоратот за проширување во Европската комисија, Стефано Санино со кого токму намерата на Комисијата да обезбеди отворање на пристапните преговори на декемврискио Самит на Советот е главна тема.

Попладне, шефот на македонската дипломатија има договорено билатерална сребда со претседателот на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) во Европарламентот, Елмар Брок. По оваа средба, исто така во просториите на европскито законодавен дом, Попоски заедно со известувачот Ховит би требало да се сретнат со бугарски европарламентарци при што се очекува од другата страна на масата да се најдат Станимир Илчев, Евгени Кирилов и Андреј Ковачев, односно тројката која вчера жестоко го нападна мнистерот, но и македонската историја и идентитет при говорот на Попоски пред АФЕТ.

Последна средба од посетата на македонскиот министер за надворешни работи на Брисел се очекува да биде со Фернандез де ла Пења, извршен директор на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС).

Сите овие средби на Попоски се со надеж за обезбедување на повеќе пријатели и силна поддршка на Македонија пред декемврискиот Самит на Европскиот совет на кој се очекува да биде прифатена позитивната препорака на Комисијата за отпочнување на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација