А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Попоски: Има големи можности за продлабочување на соработката со Виетнам

by А1он12/11/2012 - 13:52165
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во рамки на официјалната посета на Социјалистичка Република Виетнам се сретна со својот виетнамски колега Фам Бин Мин, со претседателот Трунг Тан Санг, а ја посети и Комората за трговија и индустрија каде беа презентирани можностите на македонското стопанство.

Добивај вести на вибер

– Имавме можност директно да комуницираме за продлабочување на билатералната соработка помеѓу нашите две земји. Во фокусот на дискусиите беше економската соработка. Виетнам е брзорастечка економија и во иднина треба да бидат искористени можностите за соработка во делот на извозот на земјоделски производи – вино, тутун и останати, но и во доменот на воспоставување подобра договорна основа како во делот на заштита на инвестиции, така во избегнување двојни оданочувања и овозможување подобра рамка и директни контакти меѓу бизнис-заедниците, изјави за МИА министерот Попоски.

Тој додаде дека со своите домаќини, со кои имал средби во рамки на оваа прва посета на Виетнам на високо ниво, се обврзале дека ќе биде овозможена подобра рамка за директни контакти и оти во иднина ќе ја продлабочуваат соработката и на културно и на образовно поле.

– Фактот што  веќе имаме виетнамски студенти кои имаат студирано во Македонија е добра основа. Сметаме дека во иднина ќе можеме тоа дополнително да го продлабочиме, рече шефот на македонската дипломатија.

Тој информира дека македонската делегација ги презентирала можностите што ги нуди Македонија за создавање и развивање бизнис активности.

– Се надеваме дека оваа посета ќе биде добра основа за зголемена комуникација помеѓу двете земји и отворање на вратите на бизнис -заедници од двете страни, додаде министерот Попоски.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен