Попоски и Козаку – Маркулис разговараа за европерспективата на Македонија

Од:

Министерката за надворешни работи на Кипар Ерато Козаку – Маркулис која денеска престојува во посета на Македонија во својство на актуелен претседавач со Советот на Европската Унија, претпладнево се сретна со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

По средбата во МНР, Попоски изјави дека разговарале за повеќе теми од регионално значење, како и за важноста на следниот Совет на Европската унија и одлуките кои треба да се носат во правец на проширувањето.

– Значајно е да ја здржиме онаа динамика која што е определена со правилата од Европската унија за пристапување.

Ги потенциравме остварувањата во реформите, сите оние реформи што ги имаме остварено и фактот што Европската комисија ни даде четврта најсилна досега препорака за отпочнување на преговорите, нагласи Попоски и додаде оти е потврдена и посветеноста на Македонија да продолжи во тој правец и оти се надева оти тоа ќе биде значајно за целата Европска унија.

Козаку-Маркулис кусо изјави дека е во Скопје како претседавач со Европската унија и оти разговорите со Попоски ќе ги продолжат за време на работниот ручек.

– Во посета сум на сите земји-кандидати и секако нема да ја пропуштам можноста да дојдам и овде, рече шефицата на кипарската дипломатија.

Козаку-Маркулис денеска треба да се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.

Нејзината посета доаѓа во пресрет на декемврискиот Самит на ЕУ на кој треба да се одлучи дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство по четвртата по ред препорака од Европската комисија. За разлика од претходните три, ЕК годинава предложи паралелно водење на пристапните преговори и на разговорите за името, односно Македонија во декември да добие датум за почеток на преговорите, а името да се решава во нивната рана фаза.

Во пресрет на посетата на Македонија, кипарската министерка за надворешни работи најави дека со македонските официјални претставници, освен за препораката за преговори од ЕК, ќе разговара и за односите со Грција и прашањето за името. Изрази надеж дека состаноците што ќе ги има во Скопје ќе ја разјаснат сликата и перспективата за пробив во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија